Цената на златото со благ раст

64

Цената на златото утрово благо порасна поради очекувањата дека ФЕД нема нагло да ја заостри монетарната политика и покрај високата инфлација, покажуваат податоците за трговијата.

Во 7.41 часот цената на февруарските фјучерси на златото на Њујоршката берза порасна за 0,18 отсто или 3,25 долари на 1819,8 долари за троја унца. Мартовските фјучерси на среброто се зголемија за 0,48 отсто на 23.027 долари за унца.

Вниманието на инвеститорите е насочено кон понатамошните активности на ФЕД, кој најверојатно ќе ја зголеми основната каматна стапка на следниот состанок.

Според аналитичарите на TD Securities, цитирани од Волстри Журнал, неодамнешната изјава на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, е сигнал дека каматните стапки може благо да се зголемат. Ова значи дека благородниот метал има можност за поскапување.