Цени во земјоделство во февруари

52

Фото: Pеxels

Цените во земјоделството во февруари оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 1,7%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2019 година, во споредба со февруари 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101,9, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 98,8.

Во делот аутпут, во февруари 2019 година, во споредба со февруари 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 102, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99,9.