Цени во земјоделството за септември

24

Цените во земјоделството во септември 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 1,7%, а кај аутпутот бележи зголемување од 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември 2019 година, во споредба со септември 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 98.3, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.4.

Во делот аутпут, во септември 2019 година, во споредба со септември 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 100.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.7.

Фото: Pexels