Горивата од ноќеска на полноќ добиваат нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цените на Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98 се зголемуваат за половина денар, па ќе се продаваат по 71,50, односно 73,50 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари за литар и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,00 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,753 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 15.06.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,318 ден/кг.