Цените на бродскиот транспорт за една година пораснаа за шест пати

30

Цените на бродскиот транспорт пораснаа повеќекратно и на некои рути изнесуваат близу 13.000 долари по контејнер, што гарантира рекорден профит за превозниците оваа година. Заработката за сопствениците на најголемите бродови во светот (supermax) е девет пати поголема отколку во мај 2020 година.

“Supermax се најголемите добитници, а побарувачката за нив се зголеми за 10,6% во првите четири месеци од оваа година во споредба со 2020 година“, рече Питер Санд, главен аналитичар за испорака во професионалното здружение Bimco, пренесува World-Grain.

Глобалните тесни грла во синџирот на снабдување ги зголемија трошоците за испорака. На популарните рути, цените на превозот се зголемија во просек шест пати во последната година. Заедно со недостигот на суровини, што ги зголеми цените, увозниците ги зголемуваат транспортните трошоци, што предизвикува страв од инфлација.

Цените за транспорт на товар од Шангај до Ротердам се зголемија за 596% во споредба со минатата година, покажуваат најновите податоци на Drewry World Container Index, каде се пресметуваат трошоците за транспорт на големи контејнери. Цените за превоз на стоки од Лос Анџелес до Шангај се зголемија за 154%, а во спротивна насока за 229%, пренесува GTR View.

Фото: Pixabay