Цените на горивата повисоки за половина денар

4

Driver Filling Fuel Tank

Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска поскапуваат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС-95 ќе чини 63 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 65 денари. Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 50,50 денари за литар, а новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 39 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,795 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 05.10.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,883 ден/кг.