Цените на храната ќе се намалуваат до крајот на оваа деценија

32

Цените на храната ќе се намалуваат до крајот на оваа деценија, благодарение на подобрената продуктивност и намалената побарувачка од Кина, прогнозираат агенцијата за храна и земјоделие на Обединетите нации (Food and Agriculture Organization – FAO) и Организацијата за економска соработка и развој (Organization for Economic Co-operation and Development – OECD).

Минатата година цените забележаа голем пораст, а трендот продолжува и оваа година, поттикнати од силниот кинески увоз и пад на залихите на житарки.

До крајот на оваа деценија цените би требало благо да се намалат благодарение на долгорочниот тренд на зголемување на производството што ќе одговори на зголемената побарувачка, поврзана со раст на светската популација, проценуваат FAO и OECD во прогноза за периодот 2021-ва до 2030-та година.

Побарувачката ќе ја обликуваат демографските трендови, замената на црвеното со месо што е преработено во богатите и многу земји со среден доход, како и скокот на потрошувачката на млеко и млечни производи во јужна Азија.

Главен придвижувач на пазарите и понатаму ќе биде кинеската побарувачка, посебно за месо и риба, но нејзиниот раст ќе биде побавен за разлика од претходната деценија.

Глобалната побарувачка за земјоделски суровини што се користат во производството на храна за луѓе и животни и во индустријата ќе порасне во следните 10 години за 1,2% годишно, нешто побавно од претходната деценија.

Подобрената продуктивност ќе биде клучна за да може на одржлив начин да се нахрани растечката популација.

Фото: Pexels