Цените на храната се главниот генератор на инфлацијата во Германија

По три месеци стагнација, инфлацијата во Германија повторно е во пораст во јуни, објави во вторникот заводот за статистика. Конечните податоци ја потврдија прелиминарната проценка – стапката на раст на цените на мало скокна на 6,4 отсто во однос на јуни 2022 година. Во мај годишната стапка на инфлација беше 6,1 отсто.

„Цените на храната сè уште се главниот генератор на индексот на инфлација. Дополнително, тука е и основниот ефект од мерките за субвенционирање на државата од минатата година, на пример, транспортните билети од девет евра и попустите на горивото, кои во моментов ја зголемуваат стапката на инфлација, изјави претседателката на институтот Рут Бранд чија изјава ја пренесува германската новинска агенција (ДПА).

Во 2022 година, германската влада усвои мерки за потиснување на цените. Нивниот учинок е избришан од статистиката 12 месеци подоцна, па економистите проценуваат дека „јунскиот скок е минлив феномен“.