Цените на нафта највисоки од март

17

Цените на нафта пораснаа во Лондон на највисоко ниво од март, на 71 долар, со потпора на растот од очекувањата за зголемена побарувачка за гориво во текот на летната сезона во САД.

На лондонскиот пазар цената на барел порасна за 1,48 долари и изнесуваше 70,80 долари. Во претходното тргување достигна највисоко ниво во текот на работниот ден по осми март од 71 долар. На американскиот пазар барел поскапе 1,87 долари и се тргуваше по 68,19 долари.

“Иако постои загриженост поради строгите ограничувања поврзани со коронавирусот ширум Азија, се чини дека пазарот повеќе беше фокусиран на приказната за зголемена побарувачка од САД и делови од Европа“, наведуваат аналитичарите.

Фото: Pexels