Цените на нафтата благо пораснаа по најголемиот дневен пад во последните осум месеци

36

Цените на нафтата паднаа за речиси 6 отсто, што е најголем дневен пад за повеќе од осум месеци, бидејќи Волстрит сè уште се оптеретуваше од банкротите на SVB и Signature Bank, а акциите на швајцарскиот кредитор Credit Suisse паднаа на рекордно ниско ниво.

Нафтата WTI, репер за американскиот пазар, падна за речиси шест отсто на 67,48 долари за барел, што е најниско од декември 2021 година и најголем дневен пад од 12 јули минатата година.

Суровата нафта „брент“, репер за меѓународниот пазар, исто така падна на најниската точка од декември 2021 година. Неговата вредност падна за пет отсто, на 71,46 долари за барел, пишува Форбс.

Утринското тргување покажува пораст, па така нафтата брент се тргува за 74,58 долари, додека WTI чини 68,34 долари, покажуваат податоците објавени на веб-страницата OilPrice.

Ваквиот пад на цените беше предизвикан од стравувањата на трговците дека минатонеделниот колапс на две регионални американски банки може да го повлече целиот банкарски систем, како и падот на пазарната вредност на големите банки, вклучително и Credit Suisse, чии акции во утринското тргување во средата забележа значителен пад на вредноста.