Цените на нафтата благо пораснаа

20

На светските пазари, цената на нафтата порасна минатата недела, за прв пат од крајот на август, но значително флуктуираше бидејќи трговците стравуваат дека зголемувањето на каматните стапки од централните банки ќе предизвика рецесија, што ќе ја ослаби побарувачката за „црното злато“ .

Цената на барелот на лондонскиот пазар за испорака во ноември минатата недела се зголеми за 2,1 отсто на 87,96 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,9 отсто на 79,50 долари.

По четири недели пад, цените на нафтата пораснаа минатата недела, нешто подалеку од најниските нивоа во последните девет месеци.

„Променувањето на цените стана норма бидејќи трговците ја балансираат загриженоста за глобалната економија и најавите за можни намалувања на снабдувањето со нафта“, рече Стивен Бренок од брокерската компанија PVM.

Поради високата инфлација, централните банки на западните земји во последните месеци ги зголемуваат каматните стапки, а тоа ќе го забави растот на економиите, а се зголемуваат и ризиците од рецесија.

Американскиот ФЕД ги зголеми каматните стапки за 0,75 процентни поени во последните три сесии, а неговите лидери најавуваат натамошни зголемувања.

Денеска нафтата Брент се трува по цена од 87,44 долари за барел, а американската ВТИ за  81,73 долари за барел.