Цените на нафтата близу 66 долари

27

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните пазари близу 66 долари, поддржани од подобрената проценка за побарувачка поради сигналите за закрепнување на економијата од последиците на пандемијата.

На лондонскиот пазар цената на барел се намали за 24 центи на 66,34 долари, а на американскиот пазар со барел нафта се тргувало со 36 центи пониска цена од 62,79 долари.

Цените ги поттикна проценката на Меѓународната агенција за енергетика дека глобалната побарувачка ќе се изедначи со понудата во втората половина од годината и дека производителите ќе мора да пазарите да пласира дополнителни два милиони барели нафта дневно.

Меѓународната агенција за енергетика и Организацијата на земји извознички на нафта ги подигнале проценките на раст на побарувачката оваа година на 5,7 милиони барели дневно, односно на 5,95 милиони барели дневно.

Фото: Pexels