Цените на нафтата денеска се намалија за повеќе од 1%

56

Цените на нафтата денеска се намалија за повеќе од 1% по веста за постигнатиот договор на светските производители на нафта во рамки на групата ОПЕК+ за постепено зголемување на производството за 5,8 милиони барели дневно до септември следната година.

Цената на фјучерси на северноморската нафта Брент се намали за 1,06% на 72,81 долари за барел, додека фјучерсите за американската WTI нафта се намалија за 1,09% на 71,03 долари за барел, пренесува CNBC.

Акциите на нафтените компании во азиско – пацифичкиот регион, исто така, забележаа пад.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, ОПЕК+ постигнаа договор за постепено укинување на преостанатиот дел од ограниченото производство од 5,8 милиони барели дневно до септември следната година.

Координираното зголемување на испораката на нафта ќе почне од август следната година.

Фото: Pixabay