Цените на нафтата на меѓународните пазари се движеа околу 74 долари за барел

67

Цените на нафтата на меѓународните пазари се движеа околу 74 долари за барел под влијание на договорот на водечките производители за зголемување на производството и раст на залихите во САД.

На лондонскиот пазар цената на барел се намали за 1,11 долари на 73,65 долари. На американскиот пазар барелот поевтини за 1,21 долар и се тргуваше по цена од 71,92 долари.

Цените на барел нафта се намали по веста дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати постигнаа компромис што би требало да отвори пат за договор околу испорака на поголема количина на нафта.

Фото: Pixabay