Цените на нафтата на највисоко ниво од октомври 2018 година

17

На светските пазари цената на нафтата и понатаму се движат кон највисоките нивоа во последните две и пол години, а во фокус на инвеститорите и понатаму е состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОPEC) и нејзините сојузници околу понатамошно производство.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта беше 76,16 долари, додека на американскиот пазар поскапе за 1,5% на 75,15 долари.

Цените на нафтата се на највисоко ниво од октомври 2018 година поради очекувањата за пораст на побарувачката, а и поради внимателноста на производителите при зголемување на производството.

Аналитичарите очекуваат побарувачката за нафта за се зголеми во втората половина од годината бидејќи расте бројот на вакцинирани против коронавирусот и се ублажуваат ограничувањата за патувања.

Фото: Pixabay