Цените на нафтата на највисоко ниво од октомври 2018 година

13

Цените на нафтата на светските пазари растеа и минатата, петта недела по ред, достигнувајќи највисоко ниво во последните две и пол години бидејќи трговците очекуваат зголемена побарувачка.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта минатата недела се зголеми за 3,6% на 76,18 долари, додека на американскиот пазар поскапе за 3,4% на 74,05 долари.

Скокот на цените на нафтата е на највисоко ниво од октомври 2018 година, благодарение на очекувањата дека побарувачката ќе расте побрзо од понудата и дека водечките производители ќе бидат внимателни при зголемување на производството.

Фото: Pexels