
Цените на нафтата се стабилизираа близу до нивото од 83 долари, бидејќи порастот на залихите во САД ги неутрализира знаците за позатегнати резерви и кризата во Црвеното Море. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше речиси непроменета во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 82,94 долари.
Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар каде барелот се тргува по 77,83 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно објави дека во средата барел нафта во кошницата на нејзините членки падна за 83 центи, на 81,99 долари.











