Цените на нафтата на светските берзи паднаа под 84 долари

27

Цените на нафтата се задржаа под 84 долари во петокот, бидејќи слабото вработување во Соединетите држави (САД) ја поттикна загриженоста за побарувачката, неутрализирајќи ги сигналите од главните производители дека може да ја намалат понудата во втората половина од годината.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во јули беше речиси непроменета во однос на претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 83,84 долари.

Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде барел за испорака во јуни се тргува по 79,01 долари, пренесува Мина.

Трговците беа загрижени оваа недела од пораките од американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД), дека може да го одложат намалувањето на каматните стапки поради тврдоглаво високата инфлација.

Утрово  барелот нафта на лондонскиот пазар се тргува по цена од 82,96 долари, а на американскиот пазар  се тргува по цена од 78,11 долари за барел.