Цените на нафтата над 63 долари

45

Цените на нафтата на меѓународните пазари надминаа 63 долари, поттикнати од надежта на трговците дека вакцинацијата ќе ја зајакне економијата, со што ќе се зголеми побарувачката за енергенси.

На лондонскиот пазар, пазарната цена на барел нафта се зголеми за 92 центи, на 63,35 долари. На американскиот пазар порасна за 1,20 долари на 60,67 долари.

Трговците се охрабрени од вакцинацијата против коронавирусот, а внимателно се следат и активностите во американскиот Конгрес, каде што треба да се донесе економски пакет во вредност од 1.900 милијарди долари.

Фото: Pexels