Цените на нафтата над 69 долари за барел

27

Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа над 69 долари, поддржани од знаците за закрепнување на економиите од кризата предизвикана од пандемијата и оптимистичките проценки за побарувачка на енергенти.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта поскапе за 83 центи на 69,38 долари, додека на американскиот пазар, цената достигна 66,14 долари.

Порастот на цените се должи на проценките на Меѓународната агенција за енергетика дека побарувачката за нафта ќе го надмине производството на најголемите производители. И организацијата на земји извознички на нафта истакнаа силно закрепнување на побарувачката оваа година, предвидува дека дека растот во Кина и САД ќе го надмине влијанието на кризата во Индија.

Фото: Pexels