Цените на нафтата над 76 долари

45

Цените на нафтата се задржаа на ниво од 76 долари, бидејќи инвеститорите се во очекување на резултат од преговорите на водечките производители на нафта околу ограничување на снабдувањето до крајот на годината.

На лондонскиот пазар барел нафта поскапе за 18 центи на 76,35 долари. На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по цена за 22 центи повисока, достигнувајќи 75,38 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОРЕС) и нејзините сојузници предводени во Русија ги продолжија преговорите за производство од август до крајот на годината.

Фото: Pexels