Цените на нафтата над 90 долари

20

Цените на нафтата на американскиот пазар во саботата наутро се движеа нагоре, па нафтата WTI, репер за американскиот пазар, изнесуваше 85,66 долари, а нафтата од типот Брент 90,45 долари за барел, објави Oil Price.

Цените на нафтата растат поради стравувањата дека најавениот одговор на Иран на нападот во Сирија би можел да го прошири конфликтот низ Блискиот Исток и да ги загрози резервите.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 2,19 долари повисока од претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 91,93 долари. Во Њујорк со барел се тргуваше за 2,42 долари повисоко од 87,44 долари, пренесува Мина.