Цените на нафтата највисоки во последните две години

14

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела имаа раст, трета недела по ред, па достигнале ново највисоко ниво во последните две години, бидејќи трговците очекуваат раст на побарувачката за нафта.

На лондонскиот пазар, цената на барел минатата недела порасна за 1,1% на 72,69 долари, ново највисоко ниво од мај 2019 година.

На американскиот пазар цената на барел се зголеми за скоро 1,9% на 60,91 долар, што е највисоко ниво од октомври 2018 година.

Растот на цените е поради податоците што укажуваат дека најголемата светска економија стабилно закрепнува од коронакризата. Поддршка на растот на цените доаѓа и од повторното отворање на економиите во Европа, благодарение на забрзаниот процес на вакцинирање против коронавирусот.

Аналитичари на Goldman Sachs проценуваат дека цената на барел на лондонскиот пазар ова лето може да достигне и 80 долари поради забрзаната економска активност и вакцинацијата.

Фото: Freepik