Цените на нафтата околу 72 долари

32

Цените на нафтата на меѓународните пазар достигнаа највисоко ниво во последните две години и тоа 72 долари за барел.

На лондонскиот пазар, цената се зголеми за 2,8%, додека на американскиот пазар барел нафта поскапе за 4%.

Повисоките цени на нафтата се резултат на забавените преговори меѓу САД и Иран околу нуклеарната програма на Техеран, што ги ублажи очекувањата за зголемување на извозот на земјата.

Иако растот на побарувачката и брзото темпо на вакцинирање во земји како што се САД укажува на зголемена потрошувачка на гориво, сепак бавното вакцинирање и големиот број заразени во Бразил и Индија имаат големо влијание.

ОПЕК објави дека цената на барел нафта изнесуваше 69,89 долари, што е пораст за 52 центи.

Фото: Pexels