Цените на нафтата околу 74 долари

15

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари на над 74 долари за барел, балансирајќи меѓу падот на залихите во САД и силниот долар што ја придушува побарувачката.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта се намали за 12 центи, на 74,27 долари. Позначајни промени немало и на американскиот пазар, каде што со барел нафта се тргуваше по 72,18 долари.

Сопирачка за цените на нафтата бил силниот долар откако американската централна банка даде сигнал дека би можела да ги подигне каматните стапка една година порано од претходно најавеното.

Силниот долар ја намалува куповната моќ на другите валути, што може да ја придуши побарувачката за нафта.

Фото: Pexels