Цените на нафтата околу 75 долари за барел

10

Цените на нафтата на меѓународните пазари се доближија до 75 долари за барел откако очекувањата за закрепнување на побарувачката ја надмина загриженоста поради воведените нови ограничувања со коишто владите настојуваат да го сузбијат ширењето на делта сојот на коронавирусот.

На лондонскиот пазар, цената на барел се зголеми за 26 центи на 74,94 долари, додека на американскиот пазар се тргуваше со цена повисока за 24 центи на 73,15 долари.

Шпанија и Португалија, што важат за омилени дестинации за Европејците за одмор, воведоа нови ограничувања за невакцинираните Британци, а владата на Австралија поради големиот број на заразени, воведе строги ограничувања за 80% од граѓаните.

На пазарот сепак се очекува поголема побарувачка поради вакцинирањето.

Фото: Pixabay