На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути во средата во претладневното тргување порасна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,55 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,36 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 150,20 на 150,50 јени. И американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0690 долари, додека вчера во ова време беше 1,0710 долари.
Цените на нафтата паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,27 отсто, на 81,40 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,52 отсто, на 76,95 долари.