Цените на нафтата паднаа

16

Цените на суровата нафтат белелжат пад, откако американската Администрација за енергетски информации (EIA) објави дека залихите на нафта се зголемиле за 2,7 милиони барели во неделата до 12 април.

Цената на референтната нафта брент падна во четвртокот на 86,30 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI чини помалку од 82 долари за барел, пишува специјализираниот портал OilPrice.

Цените на нафтата паднаа за околу три отсто во средата, а за повеќе од еден отсто во четвртокот, но геополитичката несигурност сè уште е висока.