Цените на нафтата паднаа на 82 долари

34

Во саботата наутро цената на нафтата WTI, репер за американскиот пазар, беше 76,49 долари, а нафтата од типот брент 81,62 долари за барел, објави Oil Price.

Цената на нафтата падна на 82 долари во петокот под притисок на сигналите на американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД), дека може да ги намали каматните стапки пред летото, што уште еднаш ја поттикна загриженоста за економијата и побарувачката на енергија.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 1,62 долари пониска во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот и изнесуваше 82,05 долари. Речиси за исто толку барелот поевтини на американскиот пазар каде се тргуваше за 76,94 долари.

На крајот од работната недела, трговците ги загрижија пораките од ФЕД за каматните стапки, пренесува SEEbiz.

Официјалниот претставник на ФЕД, Кристофер Валер, во четвртокот рече дека банката треба да го одложи намалувањето на каматните стапки за најмалку уште неколку месеци, вознемирувајќи ги пазарите бидејќи тоа би можело да го забави економскиот раст и да ја ограничи побарувачката на нафта.

„Инфлацијата „веројатно“ се движи кон целта од два проценти“, рече Валер, нагласувајќи дека му се потребни податоци за растот на цените уште најмалку неколку месеци за да се процени дали благото забрзување на растот на цените на месечна основа во јануари е исклучок или сериозен проблем.