Цените на нафтата паднаа околу 74 долари за барел

46

Цените на нафтата на меѓународните пазари забележаа пад поради загриженоста околу падот на економската активност во Кина, втор најголем светски потрошувач на овој енергенс, во исто време влијаеше и пораст на производството на нафта од земјите во ОПЕК.

На лондонскиот пазар, цената на барел се намали за 79 центи на 74,62 долари, додека на американскиот пазар барел поевтини за 88 центи на 73,07 долари.

Економската активност во Кина во јули забележа голем пад поради пониската побарувачка за првпат во повеќе од една година.

Фото: Pexels