Цените на нафтата паднаа за повеќе од 3 отсто минатата недела

13

На светските берзи минатата недела цената на нафтата падна за повеќе од 3 отсто бидејќи трговците се загрижени поради забавувањето на економскиот раст, а со тоа и побарувачката на „црното злато“, додека цените се поддржани од тензиите на Блискиот Исток.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела се лизна за 3,5 отсто, на 87,29 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за нешто повеќе од 3 отсто, на 83,14 долари.

Цените се под притисок поради бавниот раст на најголемите светски економии, поради што слабее и побарувачката на нафта.

Аналитичарите на JP Morgan минатата недела објавија дека светската потрошувачка на нафта од почетокот на април била за 200.000 барели дневно послаба од очекуваното.