Цените на нафтата паднаа

168

Цените на нафтата паднаа поради многу слабата трговија во Азија денеска, бидејќи загриженоста за забавувањето на економскиот раст на Кина, најголемиот светски увозник на нафта, го потисна стравот на пазарните играчи од можно посилно нарушување на снабдувањето поради најавената забрана за увоз на руска нафта во Европската Унија.

Европската нафта од типот Brent за испорака во јуни (фјучерси) падна за 1,21 долар или 1,1 отсто, на 105,93 долари за барел на тргувањето во 02:05 часот по средноевропско време, додека фјучерсите на американската нафта WTI паднаа за 99 центи или 1,0 отсто, на 103,70 долари за барел, пренесе Ројтерс.

Берзите во многу азиски земји, вклучително и Јапонија, Индија и други, и денеска се затворени поради првомајските празници.