Цените на нафтата паѓаат шести ден по ред

32

Цените на нафтата паднаа шести ден по ред, додека зголемувањето на бројот на случаи на Ковид – 19 во светот ги поттикнува стравувањата дека побарувачката ќе опадне.

Барел нафта од типот Брент падна за 87 центи и сега чини 67,36 долари, откако претходно ја достигна најниската цена од 24 мај. Барел сурова нафта во САД падна за 1,05 долари и сега се продава за 64,41 долари.

Нафтата од типот Брент загуби пет проценти од својата вредност во претходните шест дена, а барелот поевтини во САД за седум проценти.

Цените паѓаат бидејќи инвеститорите се загрижени за ширењето на делта варијантата на коронавирусот насекаде во светот и големиот број смртни случаи од ковид во изминатиот месец во САД, најголемиот потрошувач во светот на овој енергент.

Фото: Pixabay