Цените на нафтата под притисок од вирусот

40

Цените на нафтата на меѓународните пазари се намали поради загриженоста од ширење на делта сојот во земјите кои се најголеми потрошувачи на енергенсот, бидејќи тоа би можело да ја намали побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта поевтини за 67 центи на 71,74 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 86 центи и се тргуваше по 68,70 долари.

САД и Кина, коишто важат за најголеми потрошувачи на нафта, настојуваат да го сузбијат брзото ширење на заразата предизвикана од делта сојот на коронавирусот, а аналитичарите се плашат дека евентуални нови ограничувања на движењето или активностите би можеле да ја намалат побарувачката за гориво во време кога традиционално има пораст.

Фото: Pixabay