Цените на нафтата пораснаа четврта недела по ред, повеќе од 5 отсто

80

На светските берзи цените на нафтата пораснаа минатата недела, четврти пат по ред, и достигнаа највисоко ниво во последните два и пол месеци, бидејќи трговците очекуваат раст на побарувачката додека понудата останува ограничена.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 5,4 отсто на 86,06 долари, додека барелот поскапе за 6,3 отсто на американскиот пазар на 83,82 долари.

Скокот на цените на највисоко ниво за два и пол месеци се должи на надежта на трговците дека побарувачката за нафта ќе расте, заедно со растот на економиите, бидејќи ширењето на омикрон не предизвика толку рестриктивни мерки како претходните варијанти на коронавирус.