Цените на нафтата пораснаа, доларот падна

63

На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се лизна за 0,11 отсто, на 106,34 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута ослабна за 0,3 отсто, на 150,45 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,18 отсто, на 1,0590 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,97 отсто, на 85,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,03 отсто, на 81,30 долари.