Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

19

На валутните пазари  вредноста на доларот во однос на кошничката на валути благо порасна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,55 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,50 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,95 на 155,55 јени.

Доларот во последните денови зајакна во однос на јенот, иако јапонските власти предупредуваат на негативното влијание од слабоста на јенот и се закануваат дека повторно ќе интервенираат на пазарот за да го запрат слабеењето на јенот. Минатата недела, јапонската централна банка интервенираше во најмалку два наврати, велат трговците.

И додека зајакна во однос на јенот, американската валута ослабна во однос на европската. Според тоа, цената на еврото достигна 1,0745 долари, додека вчера во ова време беше 1,0735 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,41 отсто, на 83,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,53 отсто, на 79,40 долари.