Цените на нафтата пораснаа по проценките на ОПЕК и ЕИА

Цените на нафтата се зголемија поради оптимистичките ставови на американската Администрација за енергетски информации (EIA) и Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) за глобалната побарувачка, поддржани од податоците од индустријата кои покажуваат дека залихите на сурова нафта во САД минатата недела паднале повеќе од очекуваното.

Фјучерсите на суровата нафта „брент“ поскапеа за 50 центи, или 0,6 отсто, на 82,42 долари, додека фјучерсите на американската „Вест Тексас интермедит“ (WTI) поскапеа за 62 центи, или 0,8 отсто, на 78,52 долари.

ЕИА ја зголеми својата прогноза за раст на глобалната побарувачка на нафта во 2024 година на 1,10 милиони барели дневно, од нивната претходна прогноза од 900.000 барели дневно. ОПЕК, сепак, ја задржа својата прогноза за релативно силен раст на глобалната побарувачка на нафта во 2024 година.

Цените паднаа за повеќе од два отсто минатата недела, објави Ројтерс, откако ОПЕК и неговите сојузници соопштија дека постепено ќе ги укинат намалувањата на производството почнувајќи од октомври.

Во меѓувреме, залихите на сурова нафта во САД се намалија за 2,428 милиони барели во неделата што заврши на 7 јуни, според Американскиот институт за нафта.

Инвеститорите чекаат и извештај за индексот на потрошувачките цени во САД и изјава за политиката на американската централна банка (FED).

Во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот, потрошувачката инфлација остана стабилна во мај 2024 година, додека падот на цените на производителите се ублажи, што покажува дека Пекинг ќе треба да стори повеќе за да ја поддржи слабата домашна побарувачка и ненадејното економско закрепнување.