Цените на нафтата продолжија да растат, скокна над 118 долари

64

Цените на нафтата продолжија да растат денеска, при што европската нафта Брент скокна над 118 долари за барел поради трговските прекини и проблемите со испораката поради западните санкции кон Русија, додека залихите на „црното злато“ во САД паднаа на повеќегодишното ниско ниво.

Нафтата „брент“ достигна  цена од дури 118,22 долари за барел, што е највисока од февруари 2013 година, а американската нафта WTI достигна 11-годишен максимум од 114,70 долари за барел, пренесува „Ројтерс“.

Растот на цените уследи по одлуката на САД да воведат санкции за рускиот сектор за преработка на нафта, што предизвика загриженост дека извозот на руска нафта и гас може да биде следната цел.