Цените на нафтата раст четири недели по ред

25

На светските пазари цената на нафтата растеше и минатата недела, четврта по ред, па достигна ново највисоко ниво во последните две години бидејќи трговците очекуваат и понатаму да расте побарувачката за нафта поради закрепнувањето на најголемите светски економии.

На лондонскиот пазар, барел нафта поскапе за 1,1% на 73,51 долари, што е највисоко ниво од април 2019-та година. На американскиот пазар, цената на барел нафта се зголеми за 1,%, достигнувајќи 71,64%, што е највисока цена од април 2018-та година.

Раст на цените на ниво од пред две години е благодарение на податоците што укажуваат дека најголемите светски економии се стабилизираат од пандемијата.

Поскапувањето на нафтата го ограничува силниот долар. Американската централна банка сигнализираше дека минатата недела поради зголемување на инфлацискиот притисок би можела да почне да ја подигнува референтната каматна стапка во 2023 година, една година пред очекуваното.

Фото: Pexels