Цените на нафтата “реагираат“ на вакцините

57

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари по вестите за вакцини, коишто ја зголемија надежта за зголемување на побарувачката за гориво.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта порасна за 27 центи на 49,11 долари, додека на американскиот пазар барелот е поскап за 22 на 45,82 долари.

Залихите на сирова нафта во САД се зголемија за 1,14 милиони барели. Велика Британија на почетокот на оваа недела започна со масовна вакцинација, а се очекува дека тој пример ќе го следат и другите земји со цел да ја неутрализираат загриженоста поради наглиот раст на нови случаи со коронавирус на глобално ниво.

Вестите за вакцините помогнаа да се компензираат некои стравови поради пораст на бројот на заразени, вклучувајќи и строги мерки на карантин во Калифорнија, Германија и Јужна Кореја.

Фото: Freepik