Цените на нафтата се доближуваат до 90 долари за барел

19

Цените на нафтата на американскиот пазар во саботата наутро пораснаа, па нафтата WTI, репер за американскиот пазар, изнесуваше 83,85 долари, а нафтата од типот Brent 89,50 долари за барел, објави Oil Price.

Ден претходно, во петокот, цената на нафтата порасна на меѓународните пазари до 90 долари, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од оптимистичките пораки на американскиот министер за финансии за економскиот раст и инфлацијата.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 60 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето во четвртокот и изнесуваше 89,61 долар. Во четвртокот, тргувањето го затвори во плус 99 центи.

На американскиот пазар цената на барелот порасна за 60 центи, на 84,23 долари. Во четвртокот го заврши тргувањето со добивка од 76 центи..

Трговците во четвртокот беа загрижени од малото забавување на растот на американската економија во првиот квартал, но расположението се зголеми откако министерката за финансии Џенет Јелен рече дека растот е веројатно посилен од бројките што се сугерираат.