
Цените на нафтата се стабилизираа во средата, а фјучерсите на нафтата брент за јуни беа четири центи повисоки, во износ од 88,98 американски долари за барел. Цените на фјучерсите за американска нафта West Texas Intermediate (WTI) за мај се за четири центи пониски и изнесуваат 85,11 долари за барел.
„Геополитичките тензии продолжуваат да создаваат несигурност за потенцијални нарушувања на снабдувањето“, изјави за Ројтерс стратегот на пазарот на ИГ, Јеап Јун Ронг, додавајќи дека цените на нафтата продолжиле да растат кон петмесечен максимум.
Загриженоста за снабдувањето беше поттикната и од мексиканската државна енергетска компанија Пемекс, која побара од својата трговска единица да го откаже извозот до 436.000 барели дневно овој месец додека се подготвува да преработи домашна нафта во новата рафинерија Дос Бокас, покажа интерен документ прегледан од Ројтерс.
Раните показатели, исто така, покажаа дека залихите на нафта во САД, најголемиот светски потрошувач на нафта, паѓаат откако податоците на Американскиот институт за нафта покажаа дека залихите на сурова нафта минатата недела паднале за 2,3 милиони барели.
Тоа е повеќе од падот од 1,5 милиони барели што го прогнозираа аналитичарите во анкетата на Ројтерс.











