Цените на нафтата се во пораст

28

Според податоците на интернет страницата OilPrice во вторникот, цената на нафтата од типот брент е 74,59 долари за барел, додека нафтата од Тексас WTI, референтната за американскиот пазар, е 69,82 долари.

Еден ден претходно во понеделникот, цената на нафтата се задржа под 74 долари бидејќи загриженоста за економијата ги надмина геополитичките ризици за снабдување од бунтот на платеничката група против руската влада, објави Мина.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше речиси непроменета во однос на затворањето на трговијата на крајот на минатата недела и изнесуваше 73,82 долари.