Цените на нафтата во моментов над 100 долари за барел

55

Цените на нафтата денеска се држат далеку над 100 долари за барел, откако во понеделникот ја забележаа својата најголема еднодневна добивка од мај, додека трговците се загрижени поради затегната ситуација со понудата.

Меѓународната референтна нафта брент утринава поскапе за 0,08 отсто на 106,4 долари за барел, а цената на американската нафта WTI се зголеми за 0,31 отсто на 102,8 долари за барел во тргувањето до 9:23 часот по наше време, покажуваат податоците од oilprice.com.

Нафтените пазари забележаа висока нестабилност на цените во последните недели под влијание на загриженоста дека претстојната рецесија би можела да ја намали побарувачката, падот на доларот од неговите рекордни нивоа и знаците дека физички расположливата понуда на „црното злато“ останува недоволна.