Цените на нафтата во пад, поевтини и пченицата и пченката

51

Пазарот на нафта од утрово паѓа. Цената на барелот на лондонскиот пазар е 108 долари за разлика од вчера кога цената беше 113 долари. И на американскиот пазар паѓа цената на барел нафта и изнесува 103 долари, а вчера се тргуваше по цена од 108 долари за барел.

Биткоинот е 41.429 долари

Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот е 41.429 долари, што е благ пораст од речиси 2% во однос на вчерашниот ден. Другите криптовалути исто така растат.

Пченица и пченка

Цената на пченицата од утринава е намалена и изнесува 1.109 долари за тон, што е пад од речиси 2 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката паѓа, таа е 804 долари за тон, што е пад од околу 1 процент.