Цените на угостителските услуги во јуни на исто ниво како и во мај

41

Цените на угостителските услуги во јуни оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во јуни 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1,5%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0,6%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,2%.