Цените на златото продолжуваат да уриваат рекорди

65

Европските берзански индекси денеска бележат претежно пад, американските индекси се во пораст, додека цените на златото продолжуваат да растат и уриваат рекорди.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 71.031 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 74.652 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 34 евра за мегават-час.

Цената на златото се искачи на 2.608,12 долари за унца, а на пченицата на 5,7092 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,11809, што е за приближно 0,18 отсто повисока од четвртокот.