Централна кооперативна банка со загуба од 43,8 милиони денари во првиот квартал

40

centralna-kooperativna-banka

Централна кооперативна банка првото тримесечје од оваа година го заврши со загуба од 19.358.000 денари, додека истиот период лани изнесуваше 43.875.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Во првиот квартал од 2016 година, Банката забележува подобрување на финансискиот резултат споредено со истиот период минатата година. Подобрувањето во најголем дел се должи на напорите на Банката насочени кон континуирано зголемување на кредитното портфолио и диверзификацијата на изворите на средствата за финансирање, преку успешно менаџирање на висината на каматните стапки со цел да се задржат постоечките и да се привлечат нови клиенти, посебно во доменот на девизното штедење кај населението и кредитирањето на малите и на средните претпријатија“, стои во освртот кон работата на банката за првиот квартал од оваа година.

Нето приходите од камати се позиционираа на 55.384.000 денари, додека во првиот квартал од 2015 година беа на ниво од 56.340.000 денари.

Банката, како што се наведува, забележи пораст на кредитите за 27,45% во однос на март 2015 година, но континуираното намалување на активните каматни стапки во доменот на безризичните пласмани, доведе до пад на приходите од камати од 6,04% во однос на претходната година. Одржувањето на нето каматниот приход на нивото од претходната година (незначителна разлика од 1,70%) Банката успеа да го оствари со прибирање извори на средства со пониска камата, при што расходите за камати  во првото тримесечје на годината се 14,16% пониски во однос на истиот период минатата година.

Подобрената кредитната активност и севкупниот зголемен обем на работа во платниот промет во земјата и во странство доведоа до пораст на позицијата нето приходи од провизии и надоместоци и нивно надминување за 18,85%  во однос на претходната 2015 година.