Централна кооперативна банка воведува СМС известување за сите трансакции со картички

25

centralna-kooperativna-banka

Централна кооперативна банка воведува нова услуга за корисниците на кредитни и дебитни картички, а тоа е СМС известување за сите трансакции направени со овие картички.

Корисниците на картичките кои ќе ја користат услугата, во моментот на авторизација на трансакцијата ќе добиваат СМС порака.

СМС пораките ќе се добиваат за сите видови на трансакции, одбиени и одобрени: финансиски трансакции (трговија, банкомат), како и нефинансиски трансакции (состојба на сметка, промена на ПИН).